ГФК Охрид Лихнидос денеска на „Билјанини Извори“ го пречекува Работнички во еден од најинтересните натпревари од 9. коло во Втората македонска фудбалска лига. Средбата започнува во 14 часот.

Сино-белите во дуелот влегуваат по важната гостинска победа над Македонија ЃП од 2:0, извојувана со головите на Росиќ во 44. и Каланоски во 81. минута.

Охрид сезонава е во самиот врв на второлигашката конкуренција, а денешната пресметка со Работнички е нов значаен тест во борбата за водечките позиции.

Двојки за 9. коло – 14:00 часот:

Охрид – Работнички
Беласица – Македонија ЃП
Осогово – Брера Струмица
Новаци – Пелистер
Детонит Плачковица – Еуромилк Горно Лисиче
Кожуф – Тетекс
Шкупи – Камјани Камењане

OhridNews