Новиот стратег на Арсенал, Унаи Емери ќе има огнено крштевање во Премиер лигата, откако за противник во првата рунда на „топчиите“ им се падна минатогодишниот шампион Манчестер Сити.

Во првата рунда Манчестер Јунајтед и Ливерпул на домашен терен ги пречекуваат Лестер односно Вест Хем, а Челси гостува кај Хадерфилд, додека Тотенхем ќе ги одмери силите со Њукасл.

Новата сезона во Премиер лигата почнува на 11 август или 29 денови после завршување на Мундијалот во Русија кој стартува денеска.

Двојки:

Арсенал – Манчестер Сити

Бурнмаут – Кардиф

Фулам – Кристал Палас

Хадерсфилд – Челси

Ливерпул – Вест Хем

Манчестер Јунајтед – Лестер

Њукалс – Тотенхем

Саутемптон – Барнли

Ватфорд – Брајтон

Вулверхемптон – Евертон

OhridNews