Новата јубилејна 25-та сезона во Премиер лигата ќе започне на 8 август, а ќе има одлична најава со дерби пресметката на Олд Трафорд меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем.


Шампионот Челси одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен против Свонси, а Арсенал во лондонското дерби ќе се сретне со Вест Хем.

Стоук во првата рунда го пречекува Ливерпул, кој во последното коло минатата сезона претрпе убедлив пораз 6-1 на Британија стадионот.

Петкратниот првак Манчестер Сити стартува во Бирмингем против екипата на Вест Бромвич Албион.

Двојки : Арсенал – Вест Хем, Бурнмаут – Астон Вила, Челси – Свонси, Евертон – Ватфорд, Лестер – Сандерленд, Мен Ју – Тотенхем, Њукасл – Саутемптон, Норвич – Кристал Палас, Стоук – Ливерпул, ВБА – Манчестер Сити.

Ohridnews