Денес во рамки на 12-то коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ќе играат дерби натпревар против Еурофарм Пелистер.

„Гладијаторите“ свесни за предизвикот кој ги очекува веруваат дека со максимална борбеност, концентрација и тимска игра можат да стигнат до нови бодови.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.

Клубот обезбеди 250 карти за своите фанови и како што информираа претходно сите навивачи, вклучувајќи ја и навивачката група „Рибари“, ќе бидат сместени на исто место во салата.

OhridNews