Без победник (2-2) заврши градската пресметка помеѓу Арсенал и Челси на Емирати во последниот натпревар од 22-та рунда во Премиер лигата. Двете екипи одиграа дерби за паметење во кои постигнаа по два голови, а шанси имаа за уште неколку. Првиот дел помина без голови, но изгледни прилики, а сите возбудувања околу головите се случуваа во второто полувреме. 

Резултатот го отвори Џек Вилшер во 65-та минута, две минути подоцна Еден Хазард израмни од пенал. Во последните пет минути Челси влезе со водство, откако погоди Марк Алонсо. Среќата им се насмевна на „топчиите“ во судиското продолжение и со голот на Хектор Белерин изедначија и избегнаа пораз пред своите гледачи.

Во последната минута од мечот Мората имаше „очи во очи“ ситуација со Чех кој успеа да ја одбрани, а одбиената топка се одби до Запакоста кој шутираше и ја погоди гредата. 

Челси ја изгуби втората позиција на табелата, додека Арсенал има пет бодови негатива од Ливерпул кој се наоѓа на четвртото место на табелата.

OhridNews