Студеното време и температурите под нулата не им пречеa на фудбалерите од Динамо Киев и Шахјтор Доњецк да одиграат дерби за паметење кое заврши во корист на гостите (4-3).


На дербито имаше се и сешто, а започна со гол на домаќините уште во првата минута. До крајот на првото полувреме Динамо погоди уште еднаш, а погодок постигна и Шахјтор.

Во второто полувреме, Шахјтор со три погодоци во серија успеа комплетно да го сврти резултатот во своја полза. Во финишот Динамо постигна трет гол и го ублажи поразот, а мечот го заврши со девет фудбалери, откако црвени картони добија Жуниор Мораеш и Серхи Рибалка.


Со трите бодови од дербито Шахјтор ја зголеми предноста во однос на Динамо на 13 бодови.

OhridNews