Дерби мечот помеѓу Шкендија и Вардар е одложен за в четврток, откако МВР која и наложи на ФФМ да ги одложи мечовите на тетовските прволигаши ги одбила понудените стадиони во Струга односно Чаир во Скопје.


Клубовите од Тетово,  Шкендија, и  Ренова, бараат одложување на наредните две кола се до смирувањето на тензиите. Одлуката клубовите ја испратиле до канцеларијата на ФФМ.

Од ФФМ велат дека ги следат насоките на МВР и дека им дале рок од 24 часа клубовите да одредат термини каде ќе играат како домаќини.

Ohridnews