По одлуката на ФФМ за пренасочувањето на мечевите на тетовските прволигаши, дерби мечот од Првата МФЛ меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра во Струга.


Теренот во Струга не е среќен за “комитите“, на брегот на Охридското езеро го претпреа досега единствениот пораз во сезонава и тоа од 11 Октомври во купот. Триумфот од 2-1 беше недоволен за „првоборците“ да минат во наредната фаза.

Мечот Тетекс – Напредок кој исто така треба да биде презакажан најверојатно ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

М.П.