Градското дерби на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се очекува да ги урне сите параметри на гледаност во англиската Премиер лига и глобално на светски рамки.

Годинини наназад најгледани фудбалски натпревари се дерби средбите помеѓу лутите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона познати како „Ел Класико“.

Интересот за дербито за власта во Манчестер е голема и низ светот и само во четири земји (Молдавија, Северна Кореја, Куба и Невис) не ќе можат гледачите во живо да уживаат во мајсториите на скапо платени ѕвезди од двата состави.

Дерби средбата е да се биде ил не за Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ заостануваат осум бодови од првопласираниот Манчестер Сити и само со победа се враќаат во игра за титулата, додека реми делумно им одговара на гостите, а пораз значи крај на сите надежи за тронот во Премиер лигата.

Пресметката за власт во Манчестер се игра в недела со почеток во 17 и 30 часот.

OhridNews