Кошаркарот Дерик Роуз потпиша едногодишен договор со Кливленд за сума од 2,1 милион долари. Некогашниот МВП во НБА лигата би требало да биде замена за Кајри Ирвинг кој побара трансфер, односно зелено светло од клубот да замине.
„Сакам да победувам и мислам дека со Кливленд тоа ќе успеам да го направам. Среќен сум што сум дел од овој клуб“, изјави Роуз.
Ова е скромна сума ако се знае дека до минатата сезона Роуз имаше договор според кој годишно добиваше и околу 20 милиони долари. Единствената прична поради која потпиша договор со „ветерански минимум“ е желбата да ја освои НБА титулата. Тој е поранешен играч на Чикаго и на Њујорк, но ниту еднаш во кариерата не успеа со своите екипи да игра во НБА финале.
„Макфакс“
OhridNews