Хана во придружба на своето момче ги разгледала знаменитостите во стариот дел на градот, а ги вкусила и националните специјалитети во еден од пореномираните охридски ресторани на брегот од езерото.
Дерил Хана е годинешен добитник на специјалната награда „Камера 300“, што и беше врачена на отворањето на 31-от Интернационален филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, кој е во тек.