Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 12 часот и 40 минути на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.
Од СВР Тетово информираат дека до несреќата дошло откако патничкото комбе „Форд турнео“ излетало од коловозот.

„Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица здобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои девет деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување“, соопштуваат од СВР Тетово.

OhridNews
извор Макфакс