На вкупно десет фудбалери на конец им виси иднината во најтрофејниот клуб во историјата на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.
По огромните потрошени финансиски средства екипата не ги оправда ниту најмалите очекувања, по што најверојатно ќе следи голем играчки ремонт.
Како што пренесуваат англиските медиуми на долгата листа се наоѓаат Фил Џонс, Маркос Рохо, Вејн Руни, Аднан Јанузај, Ник Пауел, Антонио Валенсија, Маруане Фелаини, Пади МекНеир, Тајлер Блекет, Вил Кин, Сем Џонстон и Виктор Валдес.
Имињата на Руни, Валенсија и Рохо се изненадувачки на списокот, но никој освен Давид де Геа сезонава не покажа дека заслужува да го носи дресот на „црвените ѓаволи“.
Според последните пишувања на островот на Олд Трафорд ќе има ново бурно лето на трансфер пазарот, место во есен и пролет на теренот.
Десет фудбалери пред излезна врата од Олд Трафорд
OhridNews