Со креативна прослава и дружење пред своите канцеларии во Охрид, MoneyMAX го одбележа својот јубилеј – 10 години успешно работење и доверба од клиентите.
Настанот помина во позитивна атмосфера, исполнета со насмевки, дружење и симболични моменти кои ја одразуваат визијата и енергијата на компанијата.
Преку својот уникатен пристап во промоциите и активностите, компанијата стана препознатлива по тоа што секогаш внесува нова енергија и идеи во својата работа.
Во текот на изминатата деценија, MoneyMAX изгради препознатлив имиџ на стабилна и сигурна компанија, посветена на транспарентност, професионален однос и постојано унапредување на услугите.
Јубилејот претставува уште една потврда за континуираниот раст и стабилност на друштвото, кое и во иднина најавува нови идеи, со фокус на подобра услуга и поголема доверба кај клиентите.
Погледнете мал дел од вчерашната роденденска атмосфера.
Десет години доверба – MoneyMAX го прослави својот јубилеј
OhridNews/PR