Ова било на дневен ред на вчерашната редовна седница на Комитетот за странски инвестиции со кој претседавал премиерот Никола Груевски.
-Вообичаено, објавата на имињата на компаниите од деловни причини се случува тогаш кога самите за тоа ќе одлучат, што најчесто е пред почетокот на официјалната градба или при потпишувањето договори со Владата. Се очекува поголем дел од овие компании тоа да го сторат најдоцна до средината на оваа година, се вели во соопштението.
Како што е наведено во соопштението, уште толкав број на компании биле блиску до носење на ваква одлука, а во меѓувреме се воделе разговори со поголем број други компании кои бараат нови локации со добри услови за водење на бизнис.
Извор: ,,Макфакс”