По сторијата што неодамна ја објавија неколку медиуми, меѓу кои и OhridNews, за десетчленото семејство Демо од Охрид кое живее во субстандардни услови во руинирана барака на улицата „ Кленоец“, Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор која претходно побара семејството да се исели, како што беше кажано поради безбедносни причини, денеска на ова социјално семјството му додели стан во државна сопственост.
Генералниот директор на акционерското друштво, Цветко Грозданов истакна дека семејството Демо сега ќе има нормални услови за живот и нема повеќе да живее во простории кои не ги задоволуваат најминималните стандарди.
– Наша заложба е во Охрид да нема ниту еден граѓанин без покрив на глава, истакна Грозданов на примопредавањето на договорот за користење на социјален стан на семејството Демо. Тој додаде дека со ова се остварува ветувањето на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор и премиерот Груевски дадено на неодамнешната средба со граѓаните на Охрид, како и на градоначалникот Никола Бакрачески.
На средбата со новинарите Грозданов најави дека се прават напори да се реши станбеното прашање на уште шест социјално загрозени семејства во Охрид.
Главата на семејството Демо, Илбер, изрази јавна благодарност до државата како и до медиумите кои го актуелизираа проблемот. Тој рече дека сега конечно по 15 години живот во лоши услови тој и неговата сопруга и осумте малолетни деца на возраст од два месеци до 16 години ќе имаат топол дом и пристојно место за живеење.
Охридско семејство со осум деца ќе остане на улица
Г.М.