Десетгодишниот јубилеј меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе го одбележи утре со изведба на претставата „Балкандром“. Интернационалната театарска престава е во изведба на театарските групи на Охрид, Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар.

Станува збор за претстава која што е авторско дело на координаторите на овој проект од Црвен Крст Охрид за измислен град, вели Весна Терзиоска, потпретседателката на ОО Црвен крст Охрид и дел од тимот на „Вдиши театар“.

Во него постои аеродром Балкандром којшто се најавува како туристички рај, меѓутоа тоа е место коешто во реалноста е претворено во чекална каде лушето заминуваат, се иселуваат, купуваат карти за во еден правец, поради тоа што се зборува за суровата реалност во сиве овие балкански држави каде луѓето поради секојдневието, негативните појави го напуштаат своето место на живеење барајќи подобро место за живот. За жал, тоа е болна вистина, тоа се лични приказни коишто нашите актери волонтери од Црвен Крст Охрид и од другите градови ќе се обидат да го прикажат на еден многу реален начин и борбата помеѓу заминувањето и останувањето, додава Терзиоска.

Актерската екипа ја сочинуваат волонтери од Црвен крст Охрид, кои го пренесуваат своето искуство како е да се биде дел од „Вдиши театар“, но и појаснуваат за овогодинешната претставата и нивните улоги.

Софија Јаковлева, вели игра лик кој не секогаш може да се експонира пред јавноста онака како што навистина е во реалноста.

Тоа се денешните новинари кои и покрај нивната жртва неможат да го кажат нивното мислење. Меѓутоа на самиот крај јас како лик кој сака да покаже што всушност се случува во денешното време, драмата ја завршувам со нашето мото „До кога вака“, а со тоа сакам да кажам дека дури и во денешното време може да се најде спас за ова општество, вели Јаковлева.

Во „Вдиши театар“ подготовските секогаш се интересни, бидејќи ние немаме веќе пишан текст, секогаш е оргинален, вели Лука Доленц.

Прво го добиваме костурот, како треба да изгледа нашата претстава, како ја замислуваме и после тоа најинтересниот дел е да си ги змаислиме нашите ликови, да работиме на нив, понекогаш дури и да додаваме во текстот што мислиме дека нашиот лик би рекол, како би изреагирал во одедена ситуација. Засега подготовките се, одма се подготвивме, имаме веќе некоја хемија помеѓу сите глумци кои сме во Охрид. Тоа со години си го перфектираме, сега веќе сме синхронизирана машина. Мојот лик се вика Андреј, тој е доктор, кој многу ги сака луѓето, сака да им помогне, многу е принципиелен и за жал, општетсвото околу него му одмогнува во неговото мисија да е добар доктор, да ги спаси сите и одлучува после тргагичен случај да ја напушти својата држава, бидејќи мисли дека неговото мисија може да ја одржи поуспешно во друга држава, додава.

Годинава задоволството што можам да учествувам во една ваква претстава е многу големо имајќи предвид дека соработуваме и се дружиме и со аматери од други градови, други држави, вели Сара Петкоска.

Сметам дека е едно доста интересно искуство и многу специфично кое мислам дека дефинитивно треба да се проследи во што резултирало. Пробите се малку поинакви за една ваква претстава. Јас конкретно се подготвувам во Охрид, но некој од другите актери кои имаат поголем контакт со самите деца од другите држави, тие мора да надополнат и на платформи кои се онлајн. Со нетрпение чекам да дојдат тука и да се подготвуваме сите заедно во живо во Охрид и да се запонаеме многу подобро. Мојот лик е медицинска сестра Кате која е една доста специфилна и поинаква медицинска сестра, можеби не како што карактеристично би се змаислила. Сметам дека е доста интересен лик за да се проследи на сцена, е доста динамичен лик од кој неможе да се очекува што следно ќе излезе од него и мислам дека дефинитивоно вреди да се види, додава Петкоска.

Доста е забавно и има голема дружба и хемија меѓу нас, работиме како тим, вели Мартин Мацкоски.

Возбуден сум бидејќи ликот кој го глумам претставува како прелаз меѓу сите сцени и останати ликови. Ќе стекнам во оваа драма искуство и со други деца, од соседните држави. Се надевам на добра дружба, добра соработка и сум задоволен од целата организација благодарение на Црвен крст. Ликот кој го глумам се вика Чекачот. Тој лик е второто јас на сите останати ликови. Претставува прелаз од сцена во сцена. На некој начин ги испраќа и дочекува од фамозното место „Балкандром“. Тој на некој начин е лик со доста параноичен карактер, додава Мацкоски.

Претставата „Балкандром“ ќе биде одиграна утре во 20:30 часот во предворјето на црквата Св Софија. Влезот е слободен за сите.  Проектот „Вдиши театар“ се реализира во поддршка со Општина Охрид.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска