На 19..06.2022 година од 15 до 21 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач на патнички моторни возила кои, ја надминале дозволената брзина на движење: Охрид-21, Струга-35, Кичево-19, Дебар-06, информира СВР Охрид.

  • Апелираме до возачите на моторни возила и до останатите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до поставената хоризонтална и вертикална сигнализација и на тој начи, да придонесат за поголема сообраќајна безбедност и подигнување на сообраќајната култура. – се наведува во соопштението.

OhridNews