Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга
21.09.24 10:52
Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.
Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии.
Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“.
Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.
Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.
Бесправното градење и депониите остануваат и натаму најгорливи проблеми со кој се соочува НП Галичица Сепак радува фактот што се намалени криволовот и бесправната сеча и што се менува перцепцијата ...
15:20 Вработени во АД Пошта на РСМ во Охрид денеска одржаа мирен протест поради доцнење на исплатата на декемвриската плата Се извршуваа само неопходните услуги Извесен период не работеа платниот п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.