Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга
21.09.24 10:52
Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.
Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии.
Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“.
Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.
Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.
Директорките на ЈУ Културен центар „Никола Ѓурковиќ“ и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Радмила Радуловиќ и Христина Трпеска потпишаа Меморандум за соработка по повеќе области од заеднички интерес...
Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 година ЈП „Охридски Комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот по...
Во 05 часот и 36 минути почувствуван е земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML30, информираат од Сеизмолошката опсерват...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.