Маж на возраст од 60 години е нова жртва на грипот. Тој утрово починал на Клиниката за инфективни билести во Скопје, каде десет дена бил хоспитализиран со тешки симтоми на грип.

Пациентот имал хронични болести, а починал од компликации при лекувањето. Мажот боледувал од  масивната бронхопневмонија на двете белодробни крила, акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија.

И покрај напорите на лекарите и дадената антивирусна терапија, кај пациентот утрово е констатирана смрт.

OhridNews