Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ брилираше на дуелот со Рајн Некар Ловен, кој „црвено црните“ го добија со високи 35-28 и заслужено се најде во тимот на колото во Лигата на шампиони.
Седум од своите осум погодоци хрватскиот репрезентативец постигна во првиот дел, а еден од нив е вклучен во ТОП 5 погодоците за десеттата рунда во групната фаза.
Кога победуваат „црвено црните“ секогаш имаат некој ракометар, кој се наоѓа во тимот на колото. Овој пат тоа беше Карачиќ, а минатото беше крилото Тимур Дибиров.
Мх.П.