Крајот на годината е време за сумирање и, се разбира – за ранг-листи… Овојпат се работи за 10-те најбогати жени во оваа парадоксална 2020 година, според рускиот мултиационален медиум „Јандекс“…

На место бр. 9 е Панси Хо – една од ќерките на Стенли Хо, кинески големец во бизнисот закоцкање. Таа има 16 браќа и сестри, но од сие нив само таа успеа да дојде до своите милијарди. Во исто време, нејзината состојба во моментов е оценета многу повисока од нејзиниот татко. Панси Хо има 54 годинии 3,4 милијарди долари на своја сметка.

На седмо место е Кери Передо. Нејзиниот сопруг Хуберт Пердо беше сопственик на една од најголемите приватни нафтени компании. По неговата смрт, Кери доби дел од наследството. Компанијата во моментов ја води нивниот син, додека самата Кери главно се занимава со добротворни цели. Кери има 66 години и 5,3 милијарди долари.

На место бр. 5 е Кристи Волтон, вдовица на наследникот на сиџирот Волмарт. Таа има 68 години и 6,1 милијарди долари.

На место бр. 3 е Лорен Пауел Џобс – вдовицата на славниот основач на Епл – Стив Џобс. Лорен сега се занимава со добротворни цели. Таа има 53 години и 20 милијарди долари на своја сметка.

На прво место е Алис Волтон… Повторно наследничка на основачот на Волмарт. Алис е ќерка на Сем Волтон, но и сопственичка на свој музеј, колекционерка, љубителка на уметноста… Алис има 67 години и 55 милијарди долари на своја сметка.
OhridNews
















