Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, викендов реализира акциски контроли, со цел подигнување на сообраќајната безбеднсот во градот.
Полициските службеници регистрираа осум прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на моторни возила, еден прекршок сторен од моторциклист за неносење заштитна кацига (шлем) и еден возач на патнички автомобил кој управувал под дејство на алкохол, кој е исклучен од сообраќај. – информира СВР Охрид.
При контролата во Охрид не се затекнати такси превозници кои вршат нелегален такси превоз на патници, соопшти СВР Охрид.
OhridNews