Викендов во Лешани започнува десеттото јубилејно издание на меморијалниот турнир во голем фудбал Кире Николовски – Камачо.


– Осум екипи ќе земат учество на меморијалот, кој започнува од утре. Финалниот меч ќе се игра на големиот христијански празник “Си Свети“.  Обезбедени се награди за најдобрите, традционално, за најдобар играч, најдобар голман како и за најдобро пласираните – рече Диме Милошевски од Организациониот Одбор.

Еден од фаворите на овој турнир е и екипата на Злести. Нивниот стратег најави  атака на првото место. – Во досегашните настапи во Општинската фудбалска лига бевме есенски прваци и оправдано ја носиме улогата на фаворит. Од овој турнир очекуваме пред се дружење, забава, за што во Дебрца фудбалот преставува и култура и начин на живеење. Апелираме што повеќе спортисти да го посетат овој турнир – истакна Кире Јосифоски.

Стартот на мечевите е в сабота.

М.П.