Домаќинот на 15-от континентален собир на најдобрите фудбалски репрезентации, Франција ќе има тешка задача во финалето да ги сопре „европските бразилци“ предводени од Кристијано Роналдо.


Португалскиот ас со погодок и асистенција до Нани беше најзаслужен за триумфот (2-0) на неговата селекција над дебитантот Велс.

– Никој до сега не пронашол одговор за Роналдо, па ни јас нема да се потрудам да го направам тоа. Тој е голем играч со фантастични предиспозиции и ќе биде вистинска чест да се игра против него во финалето. Немаме некоја посебна стратегија за него, но секако ќе пробаме со густа одбрана да го неутрализираме бидејќи кажав не можеме да го сопреме. – рече Дешамп за Роналдо.

Фудбалерот на Реал Мадрид со трите голови од ова ЕП стигна до вкупно девет и се изедначи со Мишел Платини на вечната голгетерска листа во историјата.

ЕП: На тронот има место за еден, но за кого?

OhridNews