Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, решил да го тужи Ерик Кантона, поради коментарите кои овој поранешен француски репрезентативец ги упатил на негова сметка.


Кантона, кој е е ден од легендите на Манчестер Јунајтед, рекол дека Дешамп во националниот тим не ги повикал Хатем Бен Арфа и Карим Бензема поради нивното африканско потекло, иако тие заслужиле да играат на Европското првенство.

Можеби да, можеби не. Дебатата е отворена. Тие се меѓу најдобрите француски играчи, а не се повикани. Дали е тоа случајно? Проценете сами“, рекол Кантона.

Тужбата ја поднел адвокатот на Дешамп, кој за француските медиуми изјавил дека селектор на една таква репрезентација секогаш мора да го штити својот интегритет.

OhridNews