Долгогодишниот помошник на Јирген Клоп, Жељко Бувач најверојатно ќе биде наследникот на Арсен Венгер на менаџерското столче во екипата на Арсенал.

56-годишниот стратег изненадувачки го напушти тимот на Клоп во пресрет на полуфиналниот дуел со Рома во Лигата на Шампионите, а медиумите од Балканот заминувањето го поврзаа со преселување во Арсенал односно слобода за преговори со лондонскиот премиерлигаш.

Бувач и Клоп соработуваат од времето кога Германецот беше прв тренер во Мајнц. Тајната на напаѓачката тактика на Клоп лежела токму во Бувач, кој бил најголем виновник за допадливата игра на екипите во кои работи харизматичниот стручњак.

Од поодамна како наследници на Венгер во Арсенал се споменуваат Карло Анчелоти, поранешниот член на „топчиите“ Патрик Виера и Масимилијано Алегри кој моментално е предводник во Јувентус.

OhridNews