Проектот за топлификација на Охрид кој е содржан во програмата на кандидатот за градоначалник од НСДП и на неговиот тим ќе биде презентиран пред граѓаните вечерва во хотелот Милениум.

На трибината што ќе се одржи во 18 часот ќе присуствуваат и професори од машинскиот факултет од Скопје, кои се и проектанти на идејата.

Од НСДП велат дека се работи за капитален проект и дека граѓаните можат детално да се запознаат со неговата содржина, на вечерашната трибина.

Ohridnews