Дете ја украло колата на неговата мајка и тргнало на пат долг 1000 километри
08.08.12 01:16
Откако мајката открила дека нејзиниот 13 годишен син и неговиот пријател ја украле нејзината кола за да се “повозат” никој не очекувал дека двете деца ќе поминат пат долг 1000 километри.
Децата го украле BMW-то во раните утрински часови во саботата и возеле цели 20 часа пред полицијата да ги пронајде 1000 километри од нивниот дом, откако тие застанале да одморат.
Мајката случајот го пријавила само 1 час по исчезнувањето на децата, а никој незнае како тие успеале да поминат толку долг пат пред да бидат пронајдени од страна на надлежните служби.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











