Едно 12-годишно момче од Канада, при едно свое аматерско истражување, открило редок скелет на диносаурус стар 69 милиони години.
Нејтан Храшкин рече дека бил „буквално без зборови“ кога ги видел коските.
Бев толку шокиран, што не бев ни возбуден, иако знам дека требаше да бидам, изјави момчето за Би-би-си.

Бидејќи момчето знаело дека фосилите се заштитени со закон, па веднаш го известиле надлежниот музеј.
Стручњаците потоа откриле меѓу 30 и 50 коски кои му припаѓале на млад хадросаур, за кој се проценува дека бил стар околу три или четири години.
Порано, како и на повеќето деца, и мене омилен диносаурус ми беше тираносаурус-рекс. Но, сега го обожавам хадросаурусот, рече Нејтан додавајќи дека едвај чека да го види неговото откритие во музејот.
Оттаму пак, велат дека фосилот, стар околу 69 милиони години, е многу редок наод.
OhridNews











