Сонот и желбата на малото момче, Муртаз Ахмади да го сретне својот идол, Лионел Меси се оствари, откако тој беше специјален гостин на мечот меѓу Барселона и Ал Ахли во Катар.

Младото момче, иначе родум од Авганистан го растажи светот носејќи аргентински дрес од Меси изработен од најлонска ќеса.


Клубот од Ноу Камп и фондацијата на Аргентинецот стапија во контакт со авганистанската социјална помош и во соработка му го остварија сонот на Муртаз.


Што се однесува до мечот во Катар, каталонците славеа победа 5-3, а стрелци на головите беа Луис Суарез, Меси, Нејмар, Пако Алакасерес и Рафиња.

OhridNews