Дресот на Лионел Меси направен од најлонски кеси на пет годишниот Муртаз Ахмади го растажи светот пред извесно време.


Фотографијата брзо се рашири на социјалните мрежи и стигна до Аргентинецот и неговата фондација која договори средба меѓу Ахмади и неговиот идол.

Авганистаниот фудбалски сојуз ја потврди средбата откако на адресата официјално добиле писмо од најдобриот светски фудбалер за 2015 година.


– Денови плачеше дека немаше дрес. Неможам да му купам бидејќи живееме во сиромашен дел од градот. Дресот од Меси дело е на брат му Хамајан кој направи дрес од најлонски кеси. – откри таткото на детето.

OhridNews