Некогашниот бразилски репрезентативец Бебето еден од своите погодоци на Мундијалот во 1994 во САД ги прослави со „лулање“ на бебе алудирајќи на неговиот син кој го доби токму на светскиот собир.

После 23 години синот на Бебето, Матеус Оливеира е професионален фудбалер и потпиша договор со Спортинг Лисабон до 2022 година. Португалскиот клуб по официјализирањето на договорот стави откупна клаузула од 60 милиони евра.

Прославата на Бебето со „лулање“ на новороденчето е една од најдобрите во историјата на фудбалот, а „кариоките“ Светското првенство во САД го освоија победувајќи ја Италија на пенали.

OhridNews