34 лица од земјава кои до 18 години имале статус на дете без родители и родителска грижа, ќе можат да аплицираат за вработување во државната администрација. Согласно последите законски измени во Законот за социјална заштита, целта е да се подобри нивната општествена состојба.

„Во првите две години планираме да ги вработиме сите лица кои се без работен ангажман, а имаат ваков статус. Според податоците со кои располагаме станува збор за околу седумдесеттина лица.“ – вели Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Според предвидените мерки на програмата, секоја година би требало да се вработуваат 10 лица. Објавувањето на огласите ќе оди преку средствата за јавно информирање.
OhridNews












