Робин ван Перси после завршување на сезоната ќе го напушти Фенербахче и среќата ќе си ја проба во друг клуб кој ќе го одберат неговите деца.


– Со нив најмногу зборувам за мојата и нивната иднина. Сигурен сум дека тие следното лето ќе одлучат каде ќе продолжам да играм. Тие многу ја сакаат Англија и голема е веројатноста таму да ја продолжам кариерата. – рече Ван Перси.

Холанѓанецот, имаше неколку отворени понуди за „кам бек“ во Англија, но ги одби и остана во Фенербахче.

– Доаѓањето и останувањето во Турција беше вистински избор. Долго бев во Англија и осетив дека ми треба промена, а Турција многу добро ми дојде мене и на мојата фамилија. Максимално сум фокусиран на Фенербахче и не сакам да зборувам за мојата иднина, сега кога веќе новата сезона започна. – додаде Ван Перси.

Голгетерот во Премиер лигата ги бранеше боите на Арсенал и Манчестер Јунајтед со кој освои титулата во најсилната англиска лига.

OhridNews