-Брзото темпо на живеење и беспарицата со која се соочуваат семејствата, придонесува, родителите да бидат презафатени со работни активности. Секој родител се труди да обезбеди што подобри материјални услови на своето дете. Поради тоа тие, се помалку имаат време за воспитување и блискост со своите деца, а истата најчесто ја надополнуваат со материјални добра, на пример купување на подароци. На таков начин децата се повеќе се “размазуваат”, а тоа особено се чувствува кај оние од претшколска и пубертетска возраст, велат дел од охридските психолози.
Од психолошка гледна точка, стилот на семејното воспитување има големо влијание во развивањето на карактерот кај децата. Родителот е првиот фактор кој започнува да влијае на развивањето на самодоверба и самостојноста кај детето. Родителот треба да го пронајде најдобриот начин, за воспитување на своето дете.
-Освен семејството, врз воспитувањето на децата влијаат и многу други фактори. Медиумите и технолошките достигнувања, придонесоа за многу поголема информираност и напредок во образовниот систем, меѓутоа имаа и некои негативности. Нецензурираноста на телевизиските канали и интернет страниците има големо влијание врз психата на детето. Децата се почесто го применуваат она што го гледаат, било да се однесува за агресивно или неморално однесување, објаснуваат психолозите.
Тие нагласуваат дека децата траба да се контролираат и да се советуваат, при користењето на медиумите. Треба да им се укаже како да го извлечат она што е поучно, и како да го осудат она што не е добро.
Охридските педијатри пак велат дека причина за ваквата ”соврмена” состојба кај децата е и тоа што дечињата се пренатрупани со обврски кои вештачки им ги наметнуваат родителите.
-Покрај тоа што имаат многу часови на училиште и напорни училишни програми, родителите ги натрупуваат децата со голем број вон-училишни активности, како што се куресeви по јазик, музичко или други дополнителни часови, со што ги преморуваат и им оставаат се помалку слободно време за детски игри и сеемен живот. Тие секако, со оваа постапка сметаат дека им прават добро на своите деца, но во суштина тоа предизвикува контар-ефект. Децата навистина побрзо учат и се развиваат, но постои опасност да станат исфрустрирани и агресивни, вели д-р Никола Филев, специајлист педијатар.
Тој потенцира дека за правилен развој на децата, сите дополнителни активности треба да се спроведуваат во рамки на училиштето, а не како дополнителна обврска.