Причина за оваа промоција се напорите на флѕдубаи да го промовира Дубаи како врвна туристичка дестинација и да им овозможи на патниците да патуваат почесто во градот. Семејствата кои ќе купат авионски билет од Скопје до Дубаи, најдоцна до 31 јули, за лет до 10 септември ќе можат со себе да носат деца до 12 години без да платат надоместок.
Коментирајќи ја оваа специјална понуда, Гаит Ал Гаит, извршниот директор на компанијата, рече:
– Една од нашите цели како компанија е да воспоставиме нови врски меѓу Обединетите Арпаски Емирати и Скопје. Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот.
За време на летот од Скопје до Дубаи патниците можат да изберат од над 1.000 часа нон-стоп забава од современиот систем на флѕдубаи. Дел од него се повеќе од 220 филмови, 160 телевизиски програми, игри и музика.
Компанијата почна да оперира од Скопје на 22 октомври минатата година, со што стана првиот авиопревозник што понуди директни летови меѓу Обединетите Арапски Емирати и Македонија.