“Петлињата“ од основните училишта заедно со професорите по физичко образование во спортската сала “Атина Бојаџи“ се натпреваруваат во “Училишната“ лига во мал фудбал.

Професорот од основното училиште, Свети Наум Охридски во Пештани, Филип Силјаноски максимално ја подржува ваквата одлука да се формира “Училишна“ лига и преку спортот да му се покаже вистинскиот пат на децата.

–  Овој проект под покривителство на локалната самоуправа е од големо значење за децата. Идејата е супер, а резултати ќе биде в печатливи. Организирањето на вакви проетки ќе ги насочат децата кон вистинскиот пат за раст и развој. Интересот кај дечињата е голем, секој час не прашуваат како ќе играме, со кого ќе играме – истакна Силјаноски.


Професорот Силјаноски смета декa во распоредот на училиштата треба повеќе да бидат застапени часовите  по Физичко образовение и здравствено воспитание.

Мх.П.