Традиционално, на неколку дена пред дочекот на Новата година, Градоначалникот Александар Петрески во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“, ги посети децата со посебни потреби во ОУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „Братство Единство“ и во црквата Св. Ѓорѓија.

Им додели новогодишни пакетчиња и им посака добро здравје во новата година, при тоа додавајќи дека локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со активностите за поддршка на оваа група граѓани.

OhridNews