Изминатиов викенд во Центарот за животни вештини „Бреинобреин“ при Црвениот крст од Охрид, се спроведе редовно тестирање на знаењата на децата по завршување на соодветното ниво како дел од предвидената програма.

Во тие рамки, посетителите на оваа програма изведоа презентација на стекнатите знање, техники и вештини за сметање на абакус и ментална картичка, а беа изведени и забавно едукативни точки посветени на одбележувањето на Светскиот ден здравјето.

Инаку, четврта година по ред, Центарот за животни вештини „Бреинобреин“ при Црвениот крст од Охрид, ја реализира својата програма за развој на специфични особини на личноста како што е концетрацијата, визуелизацијата, креативност, самодоверба и лидерство.

Оваа програма која содржи 10 нивоа од по три месеци, во центарот во Охрид ја посетуваат повеќе од 50 деца над возраст од пет до четиринаесет години.

OhridNews