Продолжува програмата од манифестацијата „Вевчанско лето“ со детска ликовна изложба. Како што информираат организаторите изложбата ќе се одржи утре во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски “ – Вевчани во 20:00 часот.

Утре ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската ликовна школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „Вевчански видувања“, додаваат.

„Вевчанското лето“ е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година, а во организација на здружението „Вевчани Турист Инфо“.

Богатата програма започна на 15 јули, а настани се предвидени во периодот до 31 август.

OhridNews