Детската насмевка повторно ќе ги исполни улиците низ Струга на 20 мај оваа година, кога по втор пат ќе се одржи детската трка во склоп на овогодинешната манифестацијата „Трка на поезијата“. Еден ден пред главниот настан со почеток во 18 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга, велат од АК Спортски Мостови Струга.

Регистрацијата за детската трка е веќе започната од 20 март и истата ќе трае до 05 мај.  Бројот за учество на детската трка ќе е ограничен и истиот ќе се затвори при исполнување на истиот. Дечињата ќе бидат поделени во 5 категории и истите категории ќе имаат различни должини за трчање, велат организаторите.

Прва категорија ќе ги офати дечињата од 4 и 5 годишна возраст (100м), втората од 6 и 7 годишна возраст (200м), трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (200м), четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (400м) и петта од 12 и 13 годишна возраст (400м), а регистрациите може да се направи на официјалниот сајт на трката (www.poetryrun.mk).

OhridNews