Во рамки на програмата на Општина Охрид наменета за најмладите, под мотото „Културата расте со децата“ вечерва, со почеток во 21.00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи детската балетска претстава „Барби“.

Програмата за најмладите ќе трае се до 6-ти октомври 2024 година, а секој петок предвидени се низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години.
OhridNews











