Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, денес најмладите ги очекува детската театарска претстава – „Тетка Марулка“ во изведба на Театар Хит од Скопје.

Претставата е во режија на Сашо Ристовски, а играат Тетка Марулка: Магдалена Ризова – Черних, Страшко Сашко – Сашо Ристовски, Дори – Ема Двачева и Кралот – Сашо Ристовски.

Тетка Марулка е најактуелната претстава за деца која е исполнета со многу комични, интерактивни и едукативни елементи. Целото дејство се случува во дворот на Тетка Марулка, која успева на сите да им докаже дека само со домашна одгледувана и приготвена храна може да си го сочуваме нашето здравје и здравјето на сите. Низ многу комични моменти децата ќе уживаат во најпопуларната детска претстава „Тетка Марулка” во продукција на Театар Хит Скопје, заедно со јунаците од истата, се посочува во најавата за претставата.

Претставата ќе се одигра на плоштадот „Вангел Наумоски“ со почеток во 20 часот.

OhridNews