Продолжуваат настаните од Новогодишната програма што ја организира Општина Охрид од проектот „Охридска новогодишна приказна“.

Денес од ‎12:30 часот ќе биде одиграна детска новогодишна театарска престава: „Заспаниот Снешко Белчо“ во изведба на „Весел Театар“,- Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.

Во ‎19:00 часот е новогодишно комично шоу „Солзи и смеа“-Балада Продукција на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Програмата продолжува и во следните денови:

‎30-ти декември

‎12:30 часот -Детска новогодишна театарска претстава „Минионите на Дедо Мраз“ во изведба на Театар „Провокација“, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
‎19:00 часот -Новогодишен настап на македонската тин ѕвезда Христијан Настески –Пајак.
20:00 часот -Mладинска рок група при Младински центар Охрид.
‎20:30 часот -The back door band, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.‎

‎31-ви декември

‎12:30 часот-Детска Новогодишна театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“ во изведба на Детско драмско студио „Ден и нок“,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
‎14:00 часот -„Златни 80-ти“-Концерт на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под ментроство на проф. Љупчо Аслимоски,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“. ‎
15:30 часот – DJ Ace, Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.

На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi. Музичкиот дел започнува во 20:00 часот.

На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.

OhridNews