Денес со почеток во 19:00 во Охрид мол во рамки на програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, ќе биде изведена детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка” од страна на глумците од театар Колозов.

„Рибарот и златната рипка” е сказна позната за сите нас од А.С.Пушкин, преточена e во незаборавно театарско доживување со адаптација за најмалите од Шенка Колозова. Целта на ова дело е да покаже пример за добрината, дарежливоста, алчноста и границите на еден мек, забавен, хумористичен и бајковит начин, велат организаторите.

Во претставата играат: Владо Дојчиноски (рибарот), Пируника Киселички (Златната рипка), Дубравка Киселички (бабата) и Давид Илиќ (раскажувачот/слуга).

Претставата е за деца од 3 до 13 години.

OhridNews