Во склоп на програмата што Општина Охрид ја организира за најмладите во рамки на проектот „Културата расте со децата“ во петок ќе биде изведена детската театарска претстава „Шумската принцеза”. Претставата ја изведуваат актерите од Театар ХИТ.
Претставата ќе биде изведена со почеток во 12.00 часот во ООУ ,,Григор Прличев”. Добро подгответе се за уште една авантура!, велат организаторите.
Во претставата играат Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски. Автор и режија е Сашо Ристовски. Асистент на продукција: Магдалена Ризова – Черних. Изработка на костими: Лепа Панчевска. Дизајн на плакат: Бобан Милосавлевски.
OhridNews