
Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца.
Секој кој ќе купи учеснички број ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини: фудбал, баскет, одбојка, ракомет, бадминтон, шах, пикадо, возење велосипед, аеробик и друго, и станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 50 вредни награди (седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Крагујевац, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др.) кои ќе бидат извлекувани во живо на телевизија ТВМ, на 20.10.2018 г. со почеток во 18 ч.
Организаторите на оваа хуманитарна спортско-рекреативна акција најавуваат многу изненадувања и ги повикуваат охриѓани и гостите да бидат дел од овој настан.
OhridNews












