Охридскиот огранок на Академијата Пандев по втор пат по повод патрониот празник на град Охрид „Свети Климент Охридски“ организира четиридневен детски турнир во мал фудбал за пет генерации (2002, 2003, 2004, 2005 и 2006 година).


Во секоја категорија ќе се натпреваруваат по осум екипи, а мечевите ќе се играат во Климент Колески, Билјанини Извори, ИБ Фитнес и во салата од Основното училиште Григор Прличев.

На детскиот турнир ќе учествуваат Евро Фудбал-Вардар (Охрид), Фер Плеј (Охрид), Караорман (Струга), Академија Митрески (Струга), Вардар (Скопје), Фљамуртари (Струга), Велешта, Мелек (Велес), Неготино, Форца (Охрид), Гостивар, Победа (Прилеп), Пелистер (Битола), Ринија (Гостивар), Талент (Битола), Тотал Фудбал (Ресен), Ас Јунајтед (Струга), Феникс (Демир Хисар) и домаќинот Академија Пандев.


Возбудувањата ќе започнат в сабота, а турнирот ќе трае во вторник за кога се закажани финалните натпревари. Организираторот за првите три екипи обезбеди пехари,а за најдобрите признанија и благодарници.

Ohridnews